Бајден на средба со Сунак: „Односот меѓу САД и Британија е цврст како карпа“

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска во Лондон, за време на средбата со британскиот премиер Риши Сунак, дека односот меѓу САД и Велика Британија е „цврст како карпа“.

„Нашиот однос е цврст како карпа. Не можев да се сретнам со поблизок пријател и поголем сојузник“, рече Бајден.

Сунак изјави дека е „прекрасно што разговорите продолжуваат“, по серијата средби кои тој и Бајден ги имаа оваа година.

Слични содржини