Бајден се закашла и ги загрижи новинарите (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Претседателот на САД Џозеф Бајден денеска бил забележан со засипнат глас, изјавувајќи пред новинарите дека настинал и дека најверојатно тоа е последица од неговиот внук.

Откако зборуваше на прес-конференција за американската економија, за време на која неколку пати кашлаше, новинарите го прашаа Бајден дали се чувствува добро, објави Ројтерс.

-Добро сум. Правам тест секој ден, ковид-тест… Она што го имам е од внук ми, која има една и пол година кој е настинат и која сака да се прегрнува со својот дедо… тоа е само настинка, рече Бајден.

Слични содржини