Барак Обама и Брус Спрингстин снимаат подкаст за Spotify

од Vladimir Zorba

Поранешниот американски претседател Барак Обама и музичарот Брус Спрингстин се здружија за да организираат нов подкаст на музичката и забавна платформа Spotify на тема мажественост, раса, татковство и нивни професионални и приватни патувања.

Подкастот, насловен како „Одметници: Родени во САД“, е дел од долгогодишното партнерство помеѓу Spotify и Барак Обама и продукциската куќа на неговата сопруга Мишел Обама, Higher Ground.

Овој подкаст е дел од виртуелниот настан „в“ и содржи голем број други подкасти и интересна содржина.

Стриминг платформата, која порано беше само дом на популарна музика, продолжува да се шири со подкасти и наскоро ќе донесе повеќе ексклузивни емисии за раса, религија, политика и суперхерои.

Слични содржини