Барселона го договори првиот трансфер во 2021 година

од Stefanija Kuzmanovska

Барселона го доведува Ерик Гарсија, дефанзивецот на Манчестер Сити, и тоа веќе во зимскиот преоден рок.

Гарсија одби да го продолжи договорот со англискиот клуб и сака да се врати на Камп Ноу, од каде замина како 16-годишник. Барселона може да го донесе во јуни без обештетување, но каталонскиот клуб сака да го има на располагање Гарсија уште во јануари поради проблеми со повредите на своите бранители.

Сити од Барселона побара 10 милиони евра плус 10 преку бонуси, но на крајот 19-годишниот Гарсија се согласи да го продаде за пет милиони и исто толку бонуси бидејќи нема да добие ништо за неколку месеци. Гарсија се договори со Барселона на пет и пол годишен договор. Поради финансиската криза, Барселона се договори со Сити следната година да плати фиксен дел од пет милиони евра. Единствено што останува е овој трансфер да биде одобрен од претседателските кандидати на Барселона.

За Сити, Гарсија одигра 30 натпревари, од кои има собрано седум настапи оваа сезона.

Слични содржини