Бејл го напушта Реал Мадрид!

од Vladimir Zorba

Велшкиот фудбалер Герет Бејл повеќе не е член на Реал Мадрид. По девет успешни години во славниот тим од шпанската престолнина, 32-годишниот напаѓач со порака на социјалните мрежи се прости од навивачите. Останува да видиме каде ќе ја продолжи кариерата момчето од Кардиф.

Поранешниот играч на Саутемптон и Тотенхем со кралскиот клуб минатиот викенд го освои петтиот трофеј во Лигата на шампионите – во Париз тимот на Карло Анчелоти го совлада Ливерпул.

„Дојдов овде пред девет години како млад човек кој сакаше да го оствари својот сон и да игра за Реал Мадрид. Да носам бел дрес, амблемот на градите, да играм на Сантијаго Бернабеу, да освојувам титули и она што беше најславно – да ја освојам Лигата на шампионите. Кога ќе погледнам наназад, искрено можам да кажам дека овој сон стана реалност и многу, многу повеќе од тоа. Да се ​​биде дел од историјата на овој клуб и да се постигне се што успеавме додека бев играч на Реал Мадрид беше неверојатно искуство за мене и нешто што ќе го паметам до крајот на мојот живот. Сакам да им се заблагодарам на Флорентино Перез, Анџело Санчез и на целото раководство што ми даде шанса да играм за овој клуб. Заедно успеавме да постигнеме моменти кои вечно ќе се паметат во историјата на овој клуб и во историјата на фудбалот. Тоа беше чест. Благодарам. Хала Мадрид!“, напиша Герет Бејл

Бејл одигра 258 натпревари за кралевите, постигна 106 гола и забележа 67 асистенции.

Слични содржини