Бејл става крај на кариерата?

од Vladimir Zorba

ГЕРЕТ БЕЈЛ е подготвен да стави крај на својата фудбалска кариера, објави АС денес во написот што го презентираше како главна вест на денот на својот портал.

Велшкиот репрезентативец моментално е на позајмица во Тотенхем, но сигурно е дека чека да се врати во Реал Мадрид. Тие не го сакаат таму, па може да бара нов клуб по Европското. Или во пензија.

„АС“ известува дека Бејл смислил идеален план за пензија. Тој би сакал да се договори со Реал да му ја исплати последната година од договорот без да мора да ја одработи, а потоа да го напушти фудбалот.

Според шпанските медиуми, Бејл одамна го загубил интересот за играта и е мотивиран само да игра во националниот тим. Во моментов, овој 33-годишник сака да биде со репрезентацијата.

Велшанецот оваа сезона одигра 33 натпревари за Тотенхем, на кои постигна 14 погодоци на кои додаде три асистенции, а очигледно тоа би можело да биде сезоната во која тој се збогуваше со фудбалот.

Слични содржини