Бејли: Не нови избори, туку НОВА ВЛАДА, која ќе работи на реформите од Пржино и Прибе

од Vladimir Zorba

Пред неколку дена се емитуваше анкета која покажа дека граѓаните не се толку заинтересирани за нови избори. Па сметам дека предизвикот е да се владее со резултатите кои ги имаме и да видиме каде тоа ќе води!

 1683124110211808842799551252954738nvfgtryu-1

Одлука на партиите е каква влада ќе оформат откако изборите на 11 декември донесоа исклучително тесен резултат, вели амбасадорот на САД во Макеоднија Џес Бејли во интервју за „Сител“. Според него, преговорите за обезбедување мнозинство е нормална пракса во парламентарните демократии. За САД е приоритет идната влада да биде посветена на потребните итни реформи.

– Дали ќе се формира нова влада ќе зависи од 61 пратеник во Собранието. Ќе мора нив да ги прашате за тоа. Но, мојата анализа на ситуацијата е следната. По целиот процес имавте избори на 11 декември на кои имаше висока излезност и од кои произлегоа тесни резултати помеѓу партиите. Ова беа можеби најтесните избори во Македонија. Сега имате задача да преминете од избори на нова влада. Затоа партиите, различните политички опции се обидуваат да состават коалиции со кои ќе владеат и ќе ја придвижат земјата напред. Што се однесува до меѓународната заедница. Ние потенциравме, и други амбасадори потенцираа исто што и Комесарот Хан- од наша перспектива она што е важно е новата влада да работи кон исполнување на реформите кои беа утврдени со договорот од Пржино, ургентната листа на реформи од извештајот на Прибе, тоа го очекуваме од владата. Предизвикот кој постои во моментов да се обезбеди мнозинство во Собранието, не е невообичаена ситуација за една парламентарна демократија, но во некои случаи ќе бара да не се спроведува политика во која едната страна ќе наметнува нешто, ќе се заканува, а другата страна ќе бојкотира. Таквата политика нема да ве однесе од оваа ситуација кон реформската агенда која мислам дека граѓаните на оваа земја ја поддржуваат – рече Бејли за „Сител“.

 Тој не сака да навлегува во коментирање на опцијата која ја предлага ВМРО-ДПМНЕ за одење на нови избори ниту пак можноста за формирање широка влада од сите партии која ја заговараа некои политичари. Сепак прашува- кој може да знае дали нови избори би донеле поинакви резултати?

– Не е мое да одлучам која опција е вистинската. Партиите ќе мора да го направат тоа. Било која одлука, дали да се оди на владина широка коалиција или нови избори ќе бара поддршка од 61 пратеник. Јас како пријател би посочил дека нови избори не мора да донесат поинакви резултати. На Телма пред неколку дена се емитуваше анкета која покажа дека граѓаните не се толку заинтересирани за нови избори. Па сметам дека предизвикот е да се владее со резултатите кои ги имаме и да видиме каде тоа ќе води. Јас не знам како ќе биде но одлуката зависи од Собранието – изјави американскиот амбасадор.

СЈО треба да сработи

 Специјалното јавно обвинителство (СЈО) има важна улога до крај да ги расветли фактите. Вели дека ги земаат предвид тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека оваа институција работи селективно, но смета дека е важно да не се остане во атмосфера на сомничавост.

– Секако дека ги слушаме сите гледишта на политичките партии вклучително и гледиштата на ВМРО-ДПМНЕ. Нема причина да не го правиме тоа. Но сметам дека по прашањето за СЈО и продолжувањето на мандатот од 18 месеци за покренување обвиненија, важно е да направиме еден чекор назад и да се потсетиме дека поентата на СЈО е да воспостави одговорност за нелагалните прислушувани разговори и содржината на тие разговори, што тие можат или не можат да откријат.

Во септември 2015та кога оваа институција беше воспоставена, не сум сигурен дали некој имаше добра претстава за тоа колкав материјал е во прашање, што тоа значи во смисла на задачата на СЈО да го прегледа и да одлучи што треба да се направи, експертите од САД со кои разговаравме и кои видоа каква е задачата, не веруваат дека тој материјал може да се прегледа во предвиденото време за обвиненија.

Второто прашање се однесува на она во што јас исто така верувам а тоа е дека имаше солиден број на потешкотии и опструкции од институциите во делот на соработката со истрагите.

Сметам дека е важно на крајот да се стаса до целта а тоа е да се утврди кои се фактите, што не е факт и да не се дозволи овој процес да заврши со тоа сите да останат со погрешни информации, озборувања, шпекулации и така да се заврши. Целта е да се утврдат фактите и да не се остане во атмосфера на сомничавост – изјави абасадорот на САД во Македонија Џес Бејли во интервју за телевизијата „Сител“

Слични содржини