Бектеши до Снопчe: Не зборувајте така за Јанкуловска, ќе се скарате со ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

Не зборувајте така за Јанкуловска ќе се скарате со ВМРО-ДПМНЕ, му се обрати министерот за економија и член на ДУИ, Крешник Бектеши до пратеникот Халил Снопче од Алијанса за Албанците, кој истакна дека „ДУИ соработувала со Јанкуловска, која имаше полош речник и од Левица“.

-Не може ДУИ да зборува за евроинтеграции, претходно му кажа Снопче на Бектеши.

На тоа врати Бектеши, порачувајќи дека е „разбирливо што ВМРО-ДПМНЕ ги влече АА и сега тие им даваат шлаканици затоа што зборуваат за нивни поранешни функционери“.

Околу реконструкцијата на владата, Бектеши најави дека Ахмети е овластен да го води преговорите со премиерот и со другите претседатели на партиите, истакна тој во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини