Бектеши со извинување до новинарите

од Radmila Tasevska

Несомнено е дека новинарите имаат клучна улога во нашето општество, нивниот придонес и работа е многу важен во најефикасното и најтранспарентното функционирање на државните институции, вели министерот за економија Крешник Бектеши во извинувањето до новинарите.

Додава дека, при нашата транспарентност, при секојдневното соочување со новинарите за прашањата за кои сме и надлежни, може да дојде и до недоразбирања во различни ситуации.

– Од ваков карактер беше и вчерашниот случај со новинарката Катерина Капкоска, на која лично и се извинувам доколку без намера ја навредив, вели Бектеши во извинувањето и додава дека неговата соработката со сите новинари ќе продолжи и во иднина, имајќи најголема почит кон нив.

Тој во однос на Телевизија Телма, вели дека има огромна почит за нивните професионални новинари, но нема да дозволи преку конфликт на интерес да потпаднеме под притисок на компанијата „Макпетрол“ која се обидува да задржи монопол на пазарот, на штета на граѓаните.

– Во спротивно, горди сме што се либерализираше пазарот на природен гас во државата, одлука која е во интерес на стопанството и на граѓаните, што за жал не е направено од осамостојувањето на државата, вели Бектеши во извинувањето.

Слични содржини