Белгија и Република Ирска последни осминафиналисти на ЕУРО 2016

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Репрезентациите на Белгија и на Република Ирска го пополнија списокот од шеснаесет селекции кои ќе играат во осминафиналето на Европското фудбалско првенство во Франција. 4902750

Во натпревар од последното 3.коло во Е-групата Белгија и Република Ирска забележаа минимални победи од 1:0 во дуелите со Италија, односно Шведска.

Со голот на Раџа Наинголан во 84.минута Белгијците ја елиминираа Шведска.

Роби Бреди реализира на пет минути пред крајот и донесе триумф на Република Ирска над Италија.

И покрај поразот, Италија заврши како прво пласирана со 6 бодови, колку што собра и Белгија на 2.место, додека Република Ирска со 4 бодови и освоеното 3.место во групата, обезбеди пласман во осминафиналето.

Во трката за четирите места на третопласираните селекции, извисија Турција и Албанија, кои завршија со 3 бода. Португалија и Северна Ирска исто така имаат по 3 бода, но овие две селекции имаат подобра гол разлика.

Денеска и утре на ЕП е слободен ден, а првите три натпревари од осминафиналето ќе се играат в сабота./МИА