Белорусија го промени уставот, се откажа од неутралноста и ненуклеарниот статус

од Stefanija Kuzmanovska
217 прегледи

Во својот последен извештај, Институтот за проучување на војната наведува дека белорускиот генералштаб потврдил дека земјата го променила текстот на уставот за да се откаже од својата неутралност и ненуклеарен статус.

Заменик-началникот на белорускиот Генералштаб, полковник Андреј Богодел, вчера изјави дека Белорусија, за да одговори на „надворешните предизвици и закани“, ги направила неопходните измени во својот устав, откажувајќи се од неутралноста и го отстранува делот за ненуклеарен статус.

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека првото тактичко нуклеарно оружје што ќе биде стационирано таму пристигнало во Белорусија.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави потоа дека руската закана за употреба на тактичко нуклеарно оружје е „реална“.

Слични содржини