Белорусија започна со вежби за проверка на борбената готовност

од Vladimir Zorba

Белоруското Министерство за одбрана денеска соопшти дека започнало вежби за проверка на борбената готовност на своите вооружени сили.

„Трупите во најкраток можен рок ќе тргнат во назначените подрачја, по што ќе следи извршување на нормативните стандарди на предметите за борбена обука“, соопшти Министерството, но не е прецизирано колку долго ќе траат вежбите.

Маневрите ќе се одржат во регионот на Минск и Витебск, а ќе бидат вклучени воена опрема и авијација. Воените вежби во Белорусија, која и овозможи на Русија да ја користи територијата како појдовна точка за инвазијата на Украина во февруари 2022 година, повремено предизвикуваат загриженост за безбедноста во Украина, Полска и балтичките земји, според странските агенции.

Минск го негираше постоењето на какви било непријателски планови кон соседите, но предупреди дека секој упад на белоруска територија ќе предизвика одговор.

Слични содржини