Бен Афлек откри за што најмногу жали во животот

од Elena Daskalova

Во 2015 година се разведоа Бен Афлек и Џенифер Гарнер, по 10 години брак. Судската разрешница на бракоразводниот спор заврши во 2018 година.

Оттогаш, тие имаат поделено старателство врз децата Вајолет, Серафина и Семјуел. Но, актерот смета дека разводот од неа му била една од најголемите грешки во животот, иако за тоа воопшто не ни бил свесен неколку години.

Во интервју за Њујорк тајмс тој открил дека неговата љубов кон алкохолот била голем проблем за зачувување на мирот и стабилноста во семејството. Афлек денеска се кае многу поради тоа и ги признава грешките. Затоа и му е сосема јасно зошто таа сметала дека децата ќе имаат подобар живот без него во семејството.

„Направив многу работи за кои жалам, меѓу кои и разводот. Но, тоа е живото, се собираш, учиш и продолжуваш понатаму“, изјавил тој.

Слични содржини