Пријателите на Бен Афлек и Џенифер Гарнер откриваат дека една од причините двајцата да стигнат до развод е неговото пријателство со неговата поранешна свршеница Џенифер Лопез.7dede0b5642f1708c3566a0c7f336ad7

Пред два дена Холивудскиот актер и 43-годишна сопруга најавија финална разделба и првите информации беа дека причината за тоа е неговата страст кон коцкањето.

Според блиски на семејството, сепак, Гарнер го мрази фактот дека Бен продолжува да е во одлични односи со Џеј Ло. “Сите од пријателскиот круг на Бен сметаат дека тој неизбежно ќе се смири со Лопез повторно во одреден момент. Ние ги нарекуваме Ричард Бартон и Елизабет Тејлор на Холивуд. Тие никогаш не го прекинаа контактот меѓу себе, а тоа никако не ѝ се допаѓаше на Џенифер Гарнер. ”

Пријатели на отуѓените сопружници велат дека меѓу другите проблеми биле претерувањето на Афлек со алкохолот и тоа дека тој редовно си излегувал навечер сам во машко друштво, оставајќи ја на неа грижата за нивните три деца.

Во интервју за весникот Sun, пријател на ексдвојката вели: “Чудно е што Џенифер го издржува толку долго време. Таа навистина се обиде да го задржи семејството, но Бен се врати назад кон старите навики – пиење и покер, а згора на тоа флертува редовно по е-маил со Лопез. ”

 

Слични содржини