Бенкси на аукција – „Bomb middle England“ се очекува да се продаде за 400.000 долари

од Vladimir Zorba

Дело на уметникот Бенкси од Бристол се проценува дека ќе биде продадено за околу 400.000 долари на аукција што ќе се одржи во Лос Анџелес.

Делото наречено „Bomb middle England“ е дел од збирката дела, вклучувајќи ги и оние на Шепард Фајри, Демиен Херст и Дејвид Хокни.

Домаќин на аукцијата е „Џулиенс“, а ќе се одржи во Беверли Хилс, Калифорнија на 16 март. Се верува дека творбата на Бенкси потекнува од 2003 година.

На неа се гледа група постари жени како куглаат користејќи бомби наместо топки. Продавачите велат дека проценката е дека секое поединечно дело ќе се продава за помеѓу 200.000 и 400.000 долари.

Други предмети на овој енигматичен уметник го вклучуваат оригиналниот шаблон на рачно исечена хартија на Бенкси што се користел за создавање на неговите слики на стаорци што се појавија во Лондон во средината на 2000-тите.

Се очекува да се продаде за помеѓу 30.000 и 50.000 долари.

„Куќата Џулианс со гордост ја претставува оваа извонредна колекција на предмети и дела на големи личности и визионери од светот на уметноста кои со своето платно ја претворија улицата и современата уметност во глобален феномен. Овие важни делови од модерната уметност на 20 и 21 век ја заробија нашата колективна свест и имагинацијата и инспирираат поп култура, активизам и промени“, рече Мартин Нолан, извршен директор на аукциската куќа „Џулиенс“.

Слични содржини