Бенкси повторно провоцира: На ѕид од затвор наслика затвореник во бегство (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Познатиот уметник Бенкси повторно се најде во центарот на вниманието. Овој пат, тој „црташе“ во англискиот град Ридинг, каде преку ноќ дојде до поранешниот локален затвор и го украси неговиот ѕид.

И тоа на провокативен начин. Имено, Бенкси нацрта затвореник кој бега од истиот тој затвор.

Дека тој е автор на ова дело, уметникот потврди на својот Инстаграм профил, каде објави кратко видео каде може да видите како го сторил сето тоа.

Коментарите доаѓаа еден по дру, а многумина изјавија дека Бенкси се надмина себеси.

Слични содржини