Бензема осуден на една година условно за уценување на соиграч

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Реал Мадрид и француски репрезентативец Карим Бензема е осуден на една година условно и финансиски со 75.000 евра поради уцена на својот соиграч Метју Валбуена.

Обвинителите докажаа дека Бензема го охрабрил Валбуена да им плати на уценувачите за да не биде објавена негова секс-снимка во јавноста.

Бензема не присуствуваше на судењето, бидејќи вечерва со Реал гостува кај молдавскиот Шериф во Лигата на шампионите.

Бензема поради оваа афера со години не играше за француската репрезентација, а селекторот Дидие Дешамп го врати во тимот за ЕУРО 2020 година.

Слични содржини