Бензема се повлече од француската репрезентација

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема (35), денеска соопшти дека се повлекува од француската репрезентација, пренесуваат медиумите во Париз.

„Вложив многу напор, правев и грешки и сето тоа ме доведе до каде што сум денес и горд сум на тоа. Ја напишав мојата приказна, а нашата завршува“, напиша Бензема на својот Твитер профил со фотографија на која го носи дресот на француската репрезентација.

Фудбалерот на Реал се повреди непосредно пред Светското првенство во Катар. Тој се најде на списокот на играчи за Мундијалот, а францускиот селектор Дидие Дешам не повика замена за играчот на Реал.

Слични содржини