Берлин постави услов за почеток на производство на руската вакцина во Германија

од Stefanija Kuzmanovska

Производството на вакцини против коронавирус во ЕУ, вклучително и руската Спутник V, теоретски може да започне само доколку добијат сертификат од Европската агенција за лекови (ЕМА), изјави заменик портпаролот на германската влада, Улрика Демер.

„Ако зборуваме за производство на руска вакцина во Европа – тоа е можно, но само доколку ЕМА го одобри тој препарат“, рече Демар.

Таа не можеше да каже дали таквото барање стигнало до Европската агенција за лекови.

Прес-службата на Кремљ претходно објави дека рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел разговарале за борбата против коронавирусот.

„Се разговараше за соработка во борбата против коронавирусот, со акцент на потенцијалното заедничко производство на вакцини“, потенцира прес-службата.

„За време на разговорите, канцеларката покажа дека е отворена за билатерална соработка со цел развој на европските производствени капацитети“, коментираше Демер за разговорот меѓу лидерите на Германија и Русија, без да даде никакви детали.

Слични содржини