Беше ангел на Викторија Сикрет: Денес непрепознатлива, во брак со познат актер (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Сопругата на Марк Волберг, Реа Дарам го прослави својот 43-ти роденден, а тој ги изненади сите на социјалните мрежи со романтични честитки.

Холивудскиот актер Марк Волберг ги воодушеви своите обожаватели со роденденската честитка што ја објави на својот Инстаграм профил во чест на неговата сопруга Реа.

Реа го прослави својот 43-ти роденден, а нејзиниот седум години постар сопруг исто така на својот Фејсбук профил објави заедничка фотографија и фотографии на кои позира со децата.

„Среќен роденден на мојата сопруга Реа, која не само што изгледа премногу добро, туку и она најважното, таа е неверојатната мајка на нашите четири деца. Те сакам“, напиша Марк во објавата.

Двојката е заедно од 2009 година, а родители се на Ели (17), Микаела (15), Брендон (12) и Грејс (10).

Инаку, Реа некогаш владееше со модните писти на светот и ги красеше насловните страници на модните списанија како Вог и Ела, а исто така беше и една од ангелите на Викторија. Пред неколку години се повлече од светот на модата и се посвети на семејниот живот, а повеќе не се грижи за својот изглед, па со текот на годините се здебели за неколку килограми повеќе отколку што имаше во моделските денови.

Слични содржини