Бесими: Вредноста на К-15 за администрацијата е 8 до 9 илјади денари по вработен

од Nikola Popovski

„Оваа обврска е преземена во 2019 година и тогаш и минатата година, ние не исплаивме регрес од овие причини. Од правен аспект тие имаат стекнато право врз основа на колективниот договор, а за лани имавме разбирање, бидејќи беше разговарано со Синдикатот“, изјави министерот за финансии, Фатмир Бесими во интервју за ТВ Сител, коментирајќи го предвидениот К-15 за административците.

Според него, ова е предвидено со најновиот ребаланс на Буџетот.

„Ако гледаме од аспект на потрошувачка и тоа дека во наредниот период очекуваме да се подобри економијата, сметаме дека сега е стекнато право и можност за исплата на К-15. Ако гледаме поединечно тоа се 8-9 илјади по вработен на годишно ниво, односно тоа е еднократна поддршка“, вели Бесими.

За премиерот Зоран Заев исплатата на к-15 е обврска која државата треба да исполни согласно веќе потпишан договор, а доколку не се исполни обврската вработените ќе имаат право да ја тужат државата. Со ребалансот ќе се одвојат речиси 4 милиони евра за 27 илјади вработени во судовите, владините служби, општините и агенциите и фондовите основани од Собранието.

Слични содржини