Без членство на Приштина во меѓународни организации до 2023 година

од Vladimir Zorba

Владата на Косово го прифати планот до 2023 година да не доставува апликации за членство во меѓународни организации како што се Советот на Европа, Светската здравствена организација, УНЕСКО и Светската трговска организација, пренесува РТК.

Иако наскоро се очекуваат избори, владата на Хоти го одобри планот за работа за следната година, во кој се наведува дека до 2023 година, Косово нема да доставува апликации за членство во важни меѓународни организации.

Владата, исто така, ги одобри законодавната програма и списокот на стратешки документи.

Актуелната влада направи проекции на извршната политика за следните три години, иако гласачите ќе излезат на гласање на почетокот на 2020 година.

Меѓу другото, владиниот кабинет го одобри Работниот план за 2021 година, во кој се наведени дејствијата за следните две години. Одлуката на владата за техничкиот мандат да се воздржи од зајакнување на меѓународната субјективност до 2023 година наиде на остри критики во медиумите. Владата на Хоти го објасни планот за работа за 2021 година, но и следните две години по прашањето за членство во меѓународните организации на Косово.

„Следната година ќе се состави само список на меѓународни институции и организации од особено значење за Косово. За 2022 година се планира да се подготват апликации и можни апликации за членство во помали организации. За 2023 година се планира да се аплицира за членство во организации кои играат голема улога во меѓународното зајакнување на Косово, како што се Советот на Европа, Светската здравствена организација, УНЕСКО и Светската трговска организација“, рече владата на Хоти.

Во септември, премиерот Хоти го потпиша Вашингтонскиот договор во Белата куќа, кој предвидува едногодишен мораториум на апликацијата на Косово за членство во меѓународни организации.

Слични содржини