Без вода утре од 8:30 часот ќе бидат корисниците на улица Димитрије Чуповски, булевар „Свети Климент Охридски“ и потегот помеѓу булеварите „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Партизански одреди“ во општина Центар.

bez-voda

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради отстранување на дефект на приклучна водоводна цевка ф-2,5 цола на улица Димитрие Чуповски бр. 22.

Прекинот на водоснабдувањето ќе биде до санирање на дефектот.

Слични содржини