БГНЕС: Илјадници Македонци со бугарски пасоши имаат „живеалиште“ на иста адреса во Софија

од Nikola Popovski

Илјада страници со 45.752 имиња содржи документацијата за најнаселениот дел во Бугарија, објави денеска бугарската агенција БГНЕС. „Сите овие илјадници странци ја имаат истата адреса – улицата Леге 6 во главниот град, каде се наоѓа администрацијата на областа Средец“, потврдил за агенцијата, градоначалникот на регионот, Трајчо Трајков, при што се наведува дека најголемиот дел од нив се Македонци.

„Според законот, сите лица кои добиле бугарско државјанство, а живеат во странство, добиваат постојана адреса во зградата на администрацијата на реонот“, објаснува градоначалникот на „Средец“, Трајчо Трајков.

Тој додава дека во изминатиот период бројот на „станарите“ достигнал до 82.000.

„Често гледам луѓе како доаѓаат за некакви административни услуги, но гласачките ливчиња, како што било отсекогаш, ќе останат неискористени. Најголемиот број од лицата во списокот се со македонски презимиња, кои добиле бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло“, вели Трајков.

Тој ова го соопштил во пресрет на парламентарните избори во Бугарија и додава дека често ги гледа тие луѓе како користат административни услуги во областа, но дека нивните гласачки ливчиња „веројатно ќе останат недопрени, како што се случувало и досега“.

Од 1 јануари 2010 до 22 октомври 2020, речиси 78.000 македонски државјани поднесле барање за бугарски пасош и речиси 90 отсто од нив и го добиле. Во последните 10 години, 66.000 Македонци добиле бугарски пасош, сите врз основа на нивното бугарско потекло, откри министерката за правда Десислава Ахладова во бугарскиот парламент пред неколку месеци.

Слични содржини