Бидете внимателни со кремот за сончање кој сте го купиле минатата година

од Stefanija Kuzmanovska

Доколку имате крема за сончање од минатата година која не сте ја отвориле, а е на темно и ладно место, тогаш можете слободно да ја користите.

Обично, неотворените креми можат да траат две години.

Во секој случај, проверете го рокот на употреба, бидејќи не можете да знаете колку време бил во продавницата пред да го купите минатата година, пишува „24сата“.

Ако минатата година сте ја отвориле кремата и сте ја користеле, тогаш мора да внимавате. Погледнете што пишува на факторот – колку долго може да се чува по отворањето – обично е шест или 12 месеци (6M, 12M).

Доколку забележите дека структурата на кремот е променета, се одвојува или има чуден мирис, веднаш фрлете ја – во никој случај не нанесувајте ја на кожата. Во најдобар случај, нема успешно да ве заштити од сонцето, а во најлош случај – ќе ја иритира кожата или дури ќе предизвика алергиска реакција.

Слични содржини