Биковиќ го победи коронавирусот

од Vladimir Zorba

Српскиот актер Милош Биковиќ се огласи откако медиумите напишаа дека е позитивен на коронавиусот и рече дека се заразил со Ковид-19 пред пет дена, но дека веќе не е позитивен.

Според порталот pink.rs, актерот сега се чувствува добро и нема поголеми проблеми, бидејќи, како што истакна, имал лесни симптоми на Ковид-19.

Откако направил тест кој покажал дека е позитивен на короната, Биковиќ со денови не ја напуштал куќата, во согласност со мерките против ширење на вирусот, и досега не сакал да зборува за тоа.

Слични содржини