Бил Гејтс откри што претпочита – Андроид или Ајфон?

од Nikola Popovski

Во неодамнешно интервју, Бил Гејтс откри кој телефонски оперативен систем го користи.

Секако, телефоните кои имаат Андроид систем имаат предност пред Ајфоните, според неговото мислење.

Како што објасни разговарајќи со Ендру Соркин преку апликацијата Клубхаус, неговата одлука се заснова на фактот дека Андроид е пофлексибилен и има претходно инсталирани Мајкрософт апликации.

Секако, за да го користи Клубхаус, основачот на Мајкрософт, морал да користи Ајфон, но објасни дека тоа се ретки случаи.

„Некои производители однапред инсталираат Мајкрософт апликации на телефони со Андроид. Покрај тоа, Андорид е пофлексибилен кога станува збор за софтвер, па затоа сум навикнат. Сепак, имам многу пријатели кои користат Ајфони и не ми се чини дека сè да оди глатко на нив“, рекол Гејтс.

Слични содржини