Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат по 27 години брак

од Vladimir Zorba

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс изјави дека тој и неговата сопруга се разведуваат по 27 години брак, објави Би-Би-Си њуз.

Бил Гејтс е третиот најбогат човек во светот. Со сопругата Мелинда се запознал во 1987 година, а парот се венчал во 1994 година и оттогаш се во брак.

Двајцата ја водат фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, најголемата приватна фондација во светот, која поседува имот вреден скоро 47 милијарди долари.

Славната двојка реши скромно да ги воспитува своите деца.

Иако тие живеат на имот од 127 милиони долари во Вашингтон и поседуваат неколку имоти, нивните родителски методи се слични на оние што може да ги видите во просечни семејства.

Тие ги делат домашните работи со нивните две ќерки и синот- Џенифер, Фиби и Рори.

Слични содржини