Билд: Седум лица загинаа во престрелка во Хамбург

од Stefanija Kuzmanovska

Седум лица загинаа, а најмалку осум се повредени, од кои неколку потешко, во престрелка во градот Хамбург на северот на Германија, пренесува „Билд“.

Весникот наведува дека, според полицијата, постојат индиции дека сторителот би можел да биде меѓу загинатите на настанот организиран од Јеховини сведоци.

Локалниот весник „Хамбургер Моргенпост“ објави дека 17 лица се полесно повредени.

Слични содржини