Бишевац: Во моментов Бугарија нема да ја тргне блокадата

од Nikola Popovski

Поранешниот пратеник и новинар Сафет Бишевац смета дека нема да се постигне поголем напредок на работата на Мешовитата историска комисија меѓу Бугарија и Македонија за спорните историски прашања.

-Османи мора нешто да каже дека е можен напредок во работата на Комисијата. Ако сакаме да бидеме кристално објективни и чесни, суштината на спорот е јазикот и македонскиот народ, а јас во моментов не гледам подготвеност од Бугарија за промена на ставовите, вели Бишевац во емисијата „24 анализа“.

Тој додава дека претседателот Пендаровски не е репер за добри предвидувања во однос на Бугарија, „затоа што во неколку наврати имал киксови и позиции кои во тој момент биле зачудувачки и загрижувачки од аспект на несогласувањата со тогашната влада на Заев“.

Слични содржини