Бислимовски: Високите температури позитивно ќе влијаат на порамнителните сметки за парно

од Nikola Popovski

„Има режими на работа, во текот на денот доколку температурата е над 18 степени, во тие неколку часа се исклучува греењето, така што нема потреба од трошење на гас, февруари е исклучително топол, така што верувам дека тоа позитивно ќе влијае и на порамнителните сметки на парно кои се во текот на месец мај/јуни/ јули“ рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во „Студио 10“ на ТВ24.

Тој додаде дека домаќинствата имаат субвенционирана цена за парното до крајот на грејната сезона од Владата.

„Енергетиката сама по себе се наметна како една од главните теми, не само во предизборието туку воопшто и во јавноста. Со енергетската криза се сфати дека енергетиката е и те како битна и импровизации во неа не може да има. Поради тоа јас верувам дека не само во предизборието туку и понатаму енергетиката ќе биде многу битна затоа што ни треба нови инвестиции во енергетиката, ни треба сигурност во снабдувањето и на тој начин уште повеќе ќе си ја подобриме енергетската независност“, рече Бислимовски.

Слични содржини