Битиќи: Доколку има потреба, ќе излеземе со седми пакет на економски мерки

од Nikola Popovski

„Го спроведуваме петтиот пакет на економски мерки, а веќе излеговме и со шести. Ако е неопходни ќе следи и седми пакет за одредени дејности. Размислуваме, разговараме и гледаме можности дали и каков би требало да биде следниот пакет на поддршка“, изјавил денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Тој повтори дека Владата одамна кажала дека во оваа криза ќе го поддржи кој било работодавач или кој било работник.

„Ќе останеме заедно до крај додека излеземе од оваа криза. Тоа значи ако навистина е потребно, а веќе ги согледуваме последните финансиски податоци од април и движењата во различните сектори и дејности, во мај или јуни ќе излеземе со нов пакет“, истакна Битиќи.

Во февруари, како што кажа, околу 11 900 компании со 38 000 вработени побарале економска помош, а во март нивниот број се намалил на околу 11 300 компании со 35 000 вработени.

Слични содржини