Битиќи: Коментарот на Тасевски кон Царовска е штетен и поразувачки

од Nikola Popovski

Коментарот на Сашо Тасевски, насочен прво кон министерката Царовска, но и кон сите жени е штетен и поразувачки. Прво, од затворање на жените во стереотипи и позиции кои се меѓусебно исклучувачки. Односно дека жената мора да биде едно или друго, домакинка или образована, без можност за ништо измеѓу, објави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на социјалните мрежи.

Според него, во поголеммиот контекст, поларизацијата која тој ја наметнува е загрозувачка и опасна за сите нас.

„Такви ставови постојано не ставаат на две спротивставени страни кои се толку далеку една од друга што инклузијата е невозможна. Колку повеќе размилувам за искажаното, толку повеќе сакам гласно да кажам – Нашиот пол, религија, националност, партија… не не одредува или затвора во појас за тоа кои се очекува да бидеме. Додека ова го пишувам ја имам на ум мојата ќерка, жена албанка, која сакам да расне во општество кое по ниеден основ не ја предодредува нејзината положба или рамки во кои смее да расне, да се развива и да го живее својот живот во полн елан. За вакво #едноопштествозасите сакам да зборуваме во јавниот дискурс. Се освен ова за мене е неприфатливо“, напиша Битиќи.

Актерот Тасевски упати остри критики кон министерката дека погрешно ги насочува младите припаднички на понежниот пол.

„Што не им најдете работа на сите невработени жени па да не мора во кујна да одат, туку да си плаќаат слуги и да изиграваат лидерки ко Мила Гнојон ваш? Машки слуги, за вие да бидете среќни. Пореметени сте. Затоа ви пречи улогата а жената како мајка и домаќинка, која ги храни своите деца, готви за нив, ги пере, ги пегла… Зашто тоа го прави секоја мајка на овој свет“, гласеше дел од неговиот статус на Фејсбук.

Слични содржини