Битиќи: Во јавниот сектор нема да има плати под новата минимална

од Nikola Popovski

Зголемувањето на минималната плата мора да биде достоинствено. Се уште не е доволно, но ова е максимум во моментов, иако работниците треба да добијат и повеќе. Сите социјални партнери укажавме дека ќе дојдеме до решение. Ние кажавме дека ќе има 18.000 денари затоа што е правично, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во емисијата „24 анализа“.

Битиќи потенцира дека ќе се нивелираат минималните плати.

-Во јавниот сектор нема да има плати под новата минимална и согласувањето ќе оди според членот 8 од Законот за минимална плата. Никој не бега од тоа. За жал забораваме дека на 23. февруари немаше војна и дека ние не бевме прогласени за непријателска земја. Ние имаме војна и драстично зголемена енергетска криза и удар на економијата поради зголемување на цените. Тоа бара прилагодување. Се што сме се договориле не доведе да штрајкуваме и тоа за нас е зачудувачки. Само пред месец и пол се договоривме дека влегуваме во процес. За жал, веќе беше најавено за протест, вели Битиќи.

Слични содржини