Битка кај Северодонецк: Руски војници се приближуваат кон центарот на градот, се водат улични борби

од Stefanija Kuzmanovska

Градоначалникот на украинскиот град Северодонецк, Олександр Стријук, кој моментално е во епицентарот на конфликтот со руската армија, за АП изјави дека градот нема струја, дека комуникациите се прекинати и дека се водат улични борби.

„Руските трупи пробија уште неколку блокови кон центарот на градот. Немаме струја, комуникациите се во прекин. Градот е целосно уништен“, изјави Стријук.

Тој изјави дека на улиците се водат жестоки битки, но и дека украинската армија се обидува да го одбие нападот.

Стријук рече дека 12.000-13.000 цивили останале во градот и дека се кријат во подруми и бункери, за да се заштитат од „немилосрдното руско бомбардирање“.

„Бројот на жртви расте секој час, но не можеме да ги броиме загинатите и ранетите, токму поради уличните борби“, рече тој.

Стријук тврди дека од почетокот на војната загинале 1.500 жители.

Слични содржини