Бившата на Биковиќ: Тој е егоцентрик кој мисли само на себе! Немав живот поради него!

од Vladimir Zorba

Српскиот актер Милош Биковиќ, познат по својата улога во хитот „Јужен ветар“, кој помина одлично и кај нас, во медиумите зборува само за неговите професионални успеси, а речиси никогаш за приватниот живот. Која е среќната девојка која успеа да го освои срцето на популарниот актер, можеше само да се погодува во јавноста, но кога се појави со Арина Волошин на вечера на списанието InStyle за време на Московскиот филмски фестивал, беше јасно дека тие започнале емоционална врска, пишува „Убава и среќна“.

Милош остана доследен на својата одлука да не зборува за неговиот приватен живот, но судејќи според она што убавата Русинка го објави на својот Инстаграм, тие повеќе не се заедно, а разделбата беше горчлива.

Таа ја откри својата страна на приказната, заедно со заедничка фотографија, на „Инстаграм“:

„Не го живеев својот живот повеќе од една година, бидејќи бев во врска со Милош Биковиќ. Морав да размислувам за неговиот имиџ, угледот, но за жал сликата на екранот не соодветствува со онаа во реалноста. Особено е загрижувачки што човек го споменува Бог на секој чекор.. Ја имав последната надеж дека има човечност во него, но илузијата исчезна на 31 јули. Беше исклучително груб.Отпрвин, кога стигна информацијата дека сме заедно, предложив да го негирам тоа, и тој рече дека ако медиумите веќе сфатат дека сме заедно, нема повеќе да се криеме. Меѓутоа, кога се беше откриено, тој се смени кон мене, си замина, се олади, а јас слушав се што ми кажа“, ја започна својата исповед Арина, додавајќи дека актерот за време на нивните врски мислел само на себе.

„Денес повеќе не сум негова девојка, така што ми е многу полесно да зборувам за се, повеќе нема потреба од шпекулации. Уморна сум од закани, негативни коментари и осуди. Неговиот егоцентризам ги надмина сите граници, а вредностите кои ги издвојува толку за него се непознати. Тој се гледа само себеси, не го почитува времето, работата, напорот, па дури и здравјето на другите луѓе. Чувството на одговорност и вина за него се најстрашни, бидејќи тоа го гуши. Тогаш треба да мислите на него, а не за себе и вашиот живот. Околностите во кои се најдовме ја покажаа вистинската внатрешност на неговото битие“, ја заврши својата исповед Арина.

Другата страна на приказната може да ја открие само Милош Биковиќ, кој се уште не зборувал.

Слични содржини