Блејк Лајвли го „исчисти“ својот инстаграм профил, осамна необично видео


Убавата актерка Блејк Лајвли (32), сопруга на холивудскиот заводник Рајан Рејнолдс (43) со кој има три деца, на изненадување на многумина го избриша својот Инстаграм профил.

Блејк и Рајан се познати по своите шеги на оваа социјална мрежа, меѓутоа, сега се исчезна и фотогрфиите и фотографите со децата и објавите за проекти, буквално се.

Потоа, на потполно празниот профил се појави видео, поточно трејлер кој го најавува нејзиниот нов филм „The rhythm section“, кој треба да излезе во јануари 2020 година, а во кој Блејк ја игра главната улога.

Тогаш се стана јасно. Ова е еден од нејзиниот инстаграм трикови. Блејк и минатата година го направи истото со цел да го промовира филмот „A Simple Favor“.

Слични содржини