Блинкен: САД ќе додели 200 милиони долари на СЗО

Соединетите држави ќе ја исполнат својата обврска да платат повеќе од 200 милиони долари на Светската здравствена организација (СЗО) до крајот на февруари, откако новата администрација го поништи претходниот план за повлекување на САД од таа организација на ООН, изјави американскиот секретар за Државниот Ентони Блинкен.

„Тоа е суштински чекор напред во исполнувањето на нашите финансиски обврски“, според СЗО, рече Блинкен на видео конференција на Советот за безбедност на ООН за вакцинација против вирусот корона.

Блинкен посочи дека ова исто така ја одразува обновената посветеност на Соединетите држави да обезбедат поддршка потребна за справување со кризата со пандемијата на вирусот корона.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп официјално ги повлече Соединетите држави од СЗО во јули 2020 година, обвинувајќи го за лошо управување со пандемијата на вирусот корона. Мерката требаше да стапи на сила на 6 јули 2021 година, но новата администрација ја повлече таа одлука.

Слични содржини