Близнаци запросија близначки, свадба на ист ден

од desk2
309 прегледи

Може да звучи како дејство од кич љубовен филм, но за овие четворица млади тоа е стварност.

Еднојајчани блзинаци ќе се оженат со своите девојки исто така еднојајчани близначки. На заедничка церемонија, секако, откако истовремено ги запросија.

Џос и Џереми Сајлерс ги запознале Бритни и Бријана Дин во 2017 година на фестивалот на близнаците во градот Твинсбург во Охајо. Тоа инаку е најголемо собирање на близнаци од цел свет, пишува piše The Independent.

Браќата имаат 34 години, а сестрите 31/ Велат, привлечноста се јавила истовремено.

Британи ги забележала двајцата браќа и веднаш и рекла на сестра и дека ги видела „најзгодните момци близнаци“. Следниот ден сестрите налетале на браќата Слајер во ходникот од хотелот. Веднаш почнале да разговараат за животот на еднојајчани близнаци.

Секој од нив четворица чувствувал привлечност кон својот иден партнер. Џос кон Бритни, додека Бријана го опишаа моменто на вљубување во Џереми како магичен, како се да се движи успорено, како на филм.

Освен до сега наведените сличности, интересно е дека всушност се спариле постарите и помладите, така Џереми и Бријана се родени први, а Џос и Бритни втори.

Освен тоа, Џос тврди дека тој и брат му не би се ожениле на друг начин освен со близначки. Момчињата ги запросиле девојките заедно, снимајќи документарец. Секако, биле облечени идентично, а двојната венчавка ќе биде во август.