Бочварски: Јавниот повик е отворен, транспарентен и на него може да се пријават сите заинтересирани авиокомпании

од Radmila Tasevska

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на денешната прес-конференција за нови авиолинии изјави:

– За следната 2023 година во Буџетот предвидовме 1,1 милиони евра за оваа намена, истиот е веќе објавен. Јавниот повик е отворен транспарентен и на него може да се пријават сите заинтересирани авиокомпании, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

-Краен рок на доставување на барањата за учество во постапката е 19 јануари 2023 година, до 12 часот во архивата на министерството за транспорт и врски. Јавното отворање на барањата за финансиска поддршка ќе се одржи на 20.01.2023 година во 12 часот, додаде Бочварски. 

Тој потенцира дека целата постапка ќе се одвива на јавен и транспарентен начин.

Слични содржини