Бочварски со министрите од Западен Балкан ќе потпишат Декларација за унапредување на железничкиот сообраќај

од Берта Китинска

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ќе учествува на Меѓународниот самит посветен на железницата во земјите од Западен Балкан, што ќе се оддржи во Белград.

Во рамките на настанот, Бочварски и министрите од земјите од Западен Балкан ќе потпишат Декларација за развој и унапредување на железничкиот сообраќај со поддршка на Европската Унија.

Слични содржини