Богдановиќ: Сè уште не сум дал правосилност на барањето на инвеститорот

од Andreja Salpe

Денеска градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, рече дека е поднесено барање по електорнски систем од страна на инвеститорите од фирмата „МГ Фешн” за добивање градежна дозвола за изградба на првата повеќекатница кај хотелот „Холидеј ин“, но тоа се уште не е одобрено.

-Инвеститорот си го поднесува проектот, си уплаќа комуналии и нормално дека си поднесува барање за одобрение. Моментот е што тој си аплицира во системот. Управната постапка завршува на крај со правосилност. Јас се уште не сум дал правосилност, изјави Богдановиќ.

Тој нагласи дека во моментов имаат забрана од Уставен суд да преземаат какви било дејствија и повторно укажа за штетите кои би настанале доколку Општината донесе одлука за суспензија на овој урбанистички план.

– Каква било одлука што ќе донесете мора да ги предупредите и советниците кои гласаат за таа одлука, но пред се и граѓаните дека штетата за такви одлуки може да ја плаќаат, рече Богдановиќ.

Градоначалник објасни дека негов личен став е дека треба да се ревидираат плановите, да се искористат сите можности, но да се знаат и штетите што може да настанат. 

Слични содржини