Таксист „изгорел“ странец – му наплатил 126 евра од Центар до Средно Водно

Патникот реагирал, по што таксистот станал агресивен и со возилото го напуштил местото

од Nikola Popovski
26 прегледи

Пред два дена во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х. (43) од Швајцарија пријавил дека бил измамен од таксист за време на возење во Скопје.

„На 20.04.2026 година во 20:40 часот во СВР Скопје, Б.Ф.П.Х. (43) од Швајцарија пријавил дека бил измамен од таксист за време на возење во Скопје. Според пријавата, тој користел такси превоз на релација од Центар до Средно Водно, при што возачот му наплатил 7.800 денари за услугата.

По сфаќањето дека сумата е значително повисока од вообичаената, патникот реагирал, по што таксистот, како што е наведено, станал агресивен и со возилото го напуштил местото“, пишува во полицискиот билтен.