Богдановиќ: Вучиќ покажа грижа за Србите кои живеат во Македонија

од Vladimir Zorba

Победата на (српскиот претседател) Александар Вучиќ воопшто не била лесна штом е постигнат таков голем резултат, тоа е плод на одлична кампања но, пред се постигање на успех и огромни дела кои раководството на Република Србија ги остави позади себе но, и проектите и делата кои се започнати и треба да се завршат, вели во разговор за „Локално“ поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во однос на изборите кај нашиот северен сосед, кои завршија изминатиот викенд.

Освен што успешно обезбедиле заштита за своите граѓани, според Богдановиќ, Србија им помогна и на сите соседи во регионот, вклучувајќи ја и Македонија.

– Во Србија се градат 10 автопатишта, а оваа година ќе започнат уште 8 нови, се заврши најмодерниот клинички центар во Белград но, претходно во Ниш, а се започнуваат и нови во поголемите градови. Просечната плата е порасната, a невработеноста е околу 10%. Ја започнаа брзата пруга со 200 км на час, а веќе ја пуштија во употреба од Нови Сад до Белград. Раководството на Србија успешно се справи со обезбедувањето на вакцини и респиратори во ковид-кризата. Освен што успешно обезбедија заштита за граѓаните на Србија, помогнаа и на сите соседи во регионот, вклучувајќи ја и Македонија. Имавме помош во гасењето на пожарите, а сега се даваат количини на жито и пченка, иако има забрани секаде низ светот, вели Богдановиќ.

Котегоричен е дека победата на Вучиќ и СНС е видлива и кај нас, а доказ за тоа е зголемена заинтересираност на српските граѓани да излезат да гласаат.

– Тој не така лесен успех се потврди и тука, каде пријавени беа околу 1.000 граѓани кои гласаа во амбасадата на Р. Србија во Скопје и за прв пат заради големата заинтересираност се отвори и во Куманово. Во минатото обично се пројавуваа околу 150 граѓани кои имаат право на глас и гласаа сега во амбасадата во Скопје. После само 3-4 години бројот се зголеми над 6 пати. Тоа докажува дека Александар Вучиќ покажал грижа и за Србите и останати државјани од Србија кои живеат или работат во Македонија, додава Богдановиќ.

Според него, актуелниот српски претседател се грижи за Србите кои живеат Македонија.

– Пред неколку недели се потпиша договорот за отворање и основање на српски културен центар во Македонија во Скопје и македонски културен центар во Белград. Граѓаните на Србија кои живеат во Македонија почнаа да добиваат се поголеми бенефиции, скоро 2.500 евра за првородено дете, пензионерите еднократна помош од околу 200 евра, а младите неколку пати еднократна помош од 100 евра. Помош за семејства кои создаваат семејство 50% за стан или куќа. Воедно имаат право на прегледи, вакцинација и останати бенефити. Само преку културниот центар СПОНА се пријавија и се вакцинираат во Србија над 2.500 граѓани, а имаше организирано и преку други организации но, и десетици илјади луѓе кои ја искористија подадената помош да се вакцинираат во Србија, вели тој.

Дециден е дека Србија во соработка со ресорните министерства за образование успеала да им помогне на Србите при подготовка на програмата за изучување на српскиот јазик и културата, предмет кој се врати во основното образование додека Директор беше Милутин Станчиќ.

Воедно, Богдановиќ смета дека СНС имале одлична кампања и во Србија, но и низ дијаспората.

– На пример во Македонија се организираа активисти, поддржувачи од разни градови преку движењето „За нашу децу”, каде Димитрије Недиќ заедно со уште неколку соработници успеа да го постигне резултатот кој што е рекорден, вели Богдановиќ.

За можната преорентираност кон радикална десница мисли дека тоа е тренд заради напнатоста во светот како што е насекаде во сите останати држави, а за изјавата на Понош, дека „овие избори се почеток на крајот на Вучиќ“ и дека нема да се чека долго за нови избори, Богдановиќ не може да даде коментар со оглед на тоа што немал можност да ја види неговата понуда.

– По тоа што го читам, СНС ќе формира мнозинство и во Белград. А, како поранешен локален функционер знам што значи соработка на централна и локална власт, истакна тој.

М.А.

Слични содржини