Богоев и Бесими разговараа за решение за барањата на цариниците

од Nikola Popovski

За време на средбата, Богоев информираше за активностите кои ќе бидат во фокус во следниот период во согласност со приоритетите на Владата, за заедничките проекти во доменот на царинското работење кои претстојат, а исто така ќе продолжи и дијалогот во насока на изнаоѓање на најдобро решение во врска со барањата од преставниците на работниците.

Стана збор и за активностите од започнатите преговори за пристапување во ЕУ во рамки на Поглавје 29 – Царинска унија, како и за мерките кои ги презема Царинската управа за справување со сивата економија.

Министерот Бесими и директорот Богоев се согласија дека заложбите за блиска меѓуинституционална соработка се клучни за исполнување на поставените цели, со што се подобрува конкурентноста на домашната економија.

Слични содржини