Бојмацалиев: МВР е во топ три институции по доверба и транспарентност

МВР помина низ трансформативен период за институцијата преку професионализација, декриминализација и деполитизација и многу е вложено и многу пати објаснувано што се е направено за МВР да стане „МВР за граѓаните“

од Бети Божиноска

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервју за Прес24 беше запрашан за функционирањето на МВР во техничка Влада.

„Техничката влада има примарен мандат и обврска да обезбеди одржување на фер и демократски избори каква што и доликуваат на демократска земја, членка на НАТО, земка која го помина и скринингот за почеток на преговорите и чека да го започне својот европски пат. Секако тука се подразбира и редовното функционирање на институцијата која е задолжена примарно да ја обезбеди безбедноста и сигурноста на сите граѓани и целото општество и МВР од 2017 наваму па и во техничката влада го испорачува тоа.

МВР помина низ трансформативен период за институцијата преку професионализација, декриминализација и деполитизација и многу е вложено и многу пати објаснувано што се е направено за МВР да стане „МВР за граѓаните“ институција со доверба од над 65% од граѓаните, во топ три по транспарентност и рејтинг”, потенцираше Бојмацалиев, додавајќи дека одлуките во МВР се носат врз основа на законските обврски.

„Како функционери сме тука на сите потреби на граѓаните бидејќи тие се оние кои не плаќаат и очекуваат да ги вршиме услугите и задачите кои се пропишани со делокругот на нашите обврски. МВР функционира реформирано и насочено кон потребите на граѓаните. Ќе биде гарант на одржување на фер и демократски избори. Одлуките во МВР и овој период на техничка влада се носат во рамките на законските обврски и во полза на граѓаните и веруваме ќе продолжи до завршување на мандатот на техничката влада”, истакна Бојмацалиев.

Слични содржини