Боки 13: Случајот со познатиот готвач Антонио е, решен – ќе остане во својот дом и ќе добие работа

од desk4

По вчерашната објава за Антонио Јанковски, познатиот македонски готвач кој боледува од карцином, и веста дека мора да ја напушти куќата во која живее, Бојан Јовановски, претседателот на Меѓународен сојуз – Скопје, јавно рече дека ќе му помогне. Во јавноста познат како Боки 13, на својот фејсбук-профил напиша дека проблемот на Антонио е решен.

Другари, случајот со познатиот готвач Антонио е комплетно решен! Тој ќе си остане во својот дом, ќе добие сигурно вработување и заедно ќе се бориме за подобрување на неговата здравствена состојба!

Антонио е прекрасен, талентиран млад човек кој заслужува се најдобро!

Слични содржини