Борел: Конфискацијата на окупираното земјиште е кршење на меѓународното право

„ЕУ нема да признае промена на границите од 1967 година, вклучувајќи го и Ерусалим, освен ако двете страни не се договорат за тоа,“напиша Борел во пост на „Х“.

од Бети Божиноска

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, предупреди дека израелската конфискација на земјиштето на окупираните палестински територии претставува кршење на меѓународното право.

„ЕУ нема да признае промена на границите од 1967 година, вклучувајќи го и Ерусалим, освен ако двете страни не се договорат за тоа. Таквите незаконски дејства служат само за поттикнување тензии и за поткопување на безбедноста на Израел, на мкоја е посветена и ЕУ, “ напиша Борел во пост на „Х“.

Претходно и портпаролот на ЕУ, Петер Стано, соопшти дека силно ги осудува најавите на израелскиот министер за финансии, Безазел Смотрич, за конфискација на земјиштето на окупираните палестински територии.

 

Слични содржини