„Брадата ти станала уште подолга“: Камерите снимиле разговор меѓу Путин и Кадиров

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин во бизарен разговор ја коментираше брадата на лидерот на Чеченија, Рамазан Кадиров, велејќи дека таа станала подолга.

Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, на Твитер сподели видео од средбата меѓу Путин и Кадиров со коментар дека Путин внимателно ја следи должината на брадата на Кадиров.

„Рамазане Ахматовиќ, брадата ти станала уште подолга, нели?“, прашува Путин, на што Кадиров одговара потврдно. Рускиот претседател потоа прокоментира: „Гледаш, ништо не ми промакнува“.

Кадиров е еден од најверните сојузници на рускиот претседател, а на чело на Чеченија е од 2007 година.

Слични содржини