Братот на Мартин: Не можам да си заминам дома без брат ми, потрагата е прескапа (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Десет дена трае потрагата по исчезнатиот 31 годишен Македонец Мартин Јовановски, кој со своите пријатели беше повлечен од морските струите кај Посиди на првиот крак од Халкидики.

Неговиот брат Горан е дојден од САД со сопругата и 10 месечното дете за да се приклучи во потрагата.

Горан апелира до грчката влада повторно да помогне и да се вклучи во потрагата, бидејќи како што вели нивните финансиски средства како семејство се исцрпени бидејќи износот кој е потребен за ангажирање на сите пловни и воздушни средства се превисоки.

„За жал немаме никаков резултат, никаков знак. Заглавени сме во друга држава, но не можам дома да си заминам без брат ми. Не можам да ѝ кажам на мајка ми да се вратиме во татковината без него. Потрагата за мојот брат станува прескапа бидејќи се изнајмуваат чамци како и подводни дронови со термални камери“, вели Горан во изјава за грчки медиум и посочува дека донациите им се важни и без нив не би можеле ништо да направат.

Тој испрати апел и до локалното население ако може да се вклучи и да помогне во потрагата.

Слични содржини